пофален (прид.) - и (сврз.)

Некој си другар Видерс, истакнат член на Внатрешната партија, бил посебно пофален и одликуван со Орден за исклучителни заслуги од втор ред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со мачнина го слушнав говорот што го одржа другарот од одборот на борците. Многу убаво зборуваше. Само пофални и големи зборови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А Писмородецот позелене од злоба, и жолта, горчлива пена на уста му идеше, оти царот зборови многу пофални и сјајни за мене рекол, и сликата ја поставил на вратата од гробницата на својата ќерка, и му наложил на Писмородецот и мене да ме примат во врвниот совет на царот, најумните каде што седеа, со Писмородецот на чело!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)