потребен (прид.) - на (предл.)

А тогаш, кога ќе потече водата, да извади неколку кубика штици, што ѝ беа потребни на нивната Задруга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Глигор ќе појде во животот. Тој им е потребен на луѓето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа го јаде вишокот на потрошни стоки и помага да се сочува специјалната ментална атмосфера што му е потребна на хиерархиското општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така денес имаме состојба во која илјадници интелектуалци, креативни луѓе со високо развиена имагинација кои се најмени да смислуваат и измислуваат нешта за масовна употреба, да креираат потреби за нешта што вистински им се потребни на малкумина а по кои се лакомат особено оние на кои тие дури и не им требаат...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Камилски многу повеќе ѝ беше потребен на земјата, на татковината, отколку таа нему.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оттаму велеа дека книшката е јавен документ и му е потребна на работникот кога сака нешто да докажува пред одредени органи, а доколку би ја немал не би можел да докажува одредени факти, доколку тоа биде потребно.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сонував дека овде ќе се вратам, да ги побарам вистинските книги, книгите кои му се потребни на Балканот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)