потполн (прид.) - спротивност (имн.)

Култот на Јахве, според брат ми, меѓу Евреите го раширил мадијамскиот овчар кој имал исто име како и египетскиот водач - Мојсеј; но овој, вториот Мојсеј, под чие водство еврејскиот народ ја освоил земјата хананска, проповедал Бог кој бил потполна спротивност на Атон: Јахве бил обожуван од арабиското племе Мадијамци како „страшен, крволочен демон кој се појавува ноќе, додека избегнувал дневна светлина“; „суровиот, тесноград, локален Бог, насилен и крвожеден, им ветувал на своите поклоници земја ‘во која тече млеко и мед’, ги повикувал да ги истребат ‘со оштрицата на мечот’ нејзините тогашни жители”, сосема спротивно од проповедите на египетскиот Мојсеј кој на Евреите им дал “поинаква, продуховена претстава за Бог, идеја за едно единствено божество кое го опфаќа сиот свет, божество кое е исполнето со љубов подеднакво колку што е исполнето со моќ, и кое на луѓето како највисока цел им го поставувало животот во вистина и праведност”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако “египетскиот Мојсеј никогаш не бил во Кадис ниту пак го слушнал името Јахве, а мадијамскиот Мојсеј никогаш не бил во Египет ниту пак знаел нешто за Атон”, тие останале запомнети како еден човек, затоа што “Мојсеевата религија ја познаваме во нејзиниот конечен облик, во каков што, да речеме осумстотини години по Ишодот, ја фиксирало еврејското свештенство”, а во тоа време двата Мојсеја веќе биле соединети во еден единствен лик, и Атон и Јахве во еден единствен Бог, во самиот себе различен онака како што се различни денот и ноќта, токму затоа што се два бога во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што ни дава право на овој начин да го доведуваме во врска делото на Duchamp со делото на Мајсторот da Vinci, освен желбата да му се препуштиме на задоволството на особено академски споредби, како што тоа неодамно го направи еден американски универзитетски професор (4), и да ги истакнеме неверојатните коинциденции - прашање што не би требало да се поставува бидејќи овде, исто така, се работи за уметник кој, за оние што со него се сретнувале, никогаш не беше она што мислеа дека е, врз кого полагаа право сите авангарди на неговото време, од кубизмот до надреализмот, иако тој им го вртеше грбот и беше потполна спротивност на еден господин Courbet кому може да му се рече „Добар ден!
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
”, а тука е и делото кое е, во секој случај, секогаш на друго место, никогаш таму каде што го сакате, дадаистичка провокација или кабалистичка езотерија, потполна спротивност на она „што моите очи гледаат”, според формулата на горе споменатиот сликар.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)