потполн (прид.) - потврда (имн.)

Оние другите, кои не посакуваа да бидат нешто друго во овој свет, туку сакаа да бидат она што се во еден поинаков свет, си подготвуваа облека која требаше да ги заштити во овој свет овде – си правеа оклопи, или наметки од жица кои изгледаа како кафези; си подготвуваа костими кои требаше да им помогнат да се изборат со овој свет, и во нив се престоруваа во опасни животни, или во ѕверови од некоја фантазмагорија; си подготвуваа облека која можеше да им овозможи да побегнат од овој свет, па си правеа крилја за да одлетаат, или си кроеја облека што не беше облека, туку ткаенина која обликуваше подвижен ѕид, ковчег, камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За оние кои веруваа дека се некој или нешто што светот не им го признава – како Томас кој освен оскудна облека бараше да му биде дозволено на карневалот да носи и голем крст на грбот, како Улрике која бараше вистински дијаманти за својата дијадема, како Јоахим кој инсистираше на вертеровите жолти панталони и син капут – облеката беше почеток на потполната потврда на постоењето кое на некој начин веќе го остваруваа во својата не-реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)