потполн (прид.) - мрак (имн.)

Тој ги прими многу љубезно, а кога се подготвуваа да си одат, се посоветуваа како би можеле да му го возвратат гостољубието.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
12. Пред четири или пет години разговарав со Хидеказу Јошида. Бевме во возот за Келн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ја споменав Херигеловата книга Зен во уметноста на гаѓање со лак; мелодрамски врв на оваа книга претставува моментот кога еден стрелец го погодува самото средиште на метата во потполн мрак.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
11. Лежи песната ранета на твоите овенати усни и млакиот шепот сака некому да ја рече Никој не слуша Бараат очите твои низ ноќта в ноќ што се мрачи и стихот со болката измешан не може дално да оди Никој не слуша Те слуша болката само и неа сега ја слушаш сал ти Во овој мрак што се грчи самотата станува болка песната станува болка болка е сета ноќ Ноќта го испи мракот и стине во шепотот млак во очите песната бледнее и немо се пробива мракот пред потполниот мрак
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Влегоа во потполн мрак налик на оној во неосветлените улици во градот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се смирува во потполниот мрак што завладува и со неговата, до пред малку блажено-возбудена свест.  Елеазар бен Цви излегува задоволен од рабинската конференција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога би ги видел тие нешта како низ матно стакло, можеби и би можел да се сети дека некогаш го живеел тој живот, но за него неговото минато е во потполн мрак, или пак во овој миг тој е во мракот, и светлината во која трепери неговото минато само го заслепува, место да му овозможи подобро да гледа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓу ова постоење сега, и она пред тоа, како да се случила смрт која избришала сѐ што било претходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)