Не успевајќи навреме да го стори пресудниот чекор, да појде кон Запад или кон Исток, насоките на неговите постојани илузии, останувајќи засекогаш во овој град, поверува во сигурниот реванш на судбината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка, која почесто од Татко го допираше дното на страдањето, со многучедното семејство, со своето тивко присуство ги смируваше Татковите постојани илузии некаде да заминеме, осудени на неврат, од земјата од којашто бевме заминале.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А мене, еве ме излезен од спиралата на татковиот егзил, во фаталната проверка на една од постојаните илузии на бегалските семејства дека враќањето од егзил постои.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)