Во белиот дом навлегуваше животот на денот. Се ширеше миризбата на свежо вареното кафе, цедените портокали и лимоните.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Постарата ќерка Блерина беше подготвена за да ја оставиме со Бешир во блиската француска гимназија Карно во Ла Мараса, во која некогаш матурирал Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Татко верува дека виното подобро старее во визба изѕидана в земја“, рече Стефани, постарата ќерка, која многу личеше на Даниел, и можеше да се рече дека таа и Даниел се близнаци.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)