поставен (прид.) - око (имн.)

Визиите за опустувањето на планетата се распливнуваа додека ја гледав Неговата слика - во светлоста на косо поставените очи се наѕираше ветување.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Погледот му се сосредоточи во триаголникот што го сочинуваа блиску поставените очи во неговата глава и тенките, собрани усни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Визиите за опустувањето на планетата се распливнуваа додека ја гледав Неговата слика -во светлоста на косо поставените очи се наѕираше ветување.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)