Тој беше просто шокиран (зошто би бил, но, ете, беше) кога виде дека на поставената маса за ручек нема четири исти длабоки чинии, четвртата беше заменета со преостанатата од стариот сервис на чие место за Нова година беше купен нов.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тргна кон центарот на градот каде кафеаните ги имаа окупирано тротоарите со поставени маси и столчиња.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Затекнаа убаво поставена маса и опиени од миризбата на печеното месо седнаа да се гоштеваат, заборавајќи да го претресат станот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Го зеде за рака и отидоа кај поставената маса.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Пак почнав да се навикнувам да седнувам на поставена маса, со подготвен од друг ручек, да јадам со измиени од друг садови, на испрано и испеглано.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Потоа, кога и Миха седна на поставената маса, ѝ ја подаде на мајка му да ја стави на местото до неговата пожолтена диплома, па праша: - А сега? - Што сега? - се зачудија и Миха и мајка
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тетка Рајна не пречека со поставена маса за ручек.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)