посребрен (прид.) - послужавник (имн.)

Кога бев мал, ги сакав зашто за нив се врзуваа многу приказни кои обично, на домашните посети, си ги раскажуваа постарите палејќи ги, по скромните вечери, цигарите, додека по дневната соба се ширеше аромата на минатото што мирисаше на тутун и свежо свареното кафе, кое мајка ми го изнесуваше на стариот посребрен послужавник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кети и Рози веднаш ја ставија сета храна на масата, посребрениот послужавник со пирамидестите тостови и големата чинија со крцкаво испржената сланина, што ги овенчуваше осумте испржени јајца, по две за мажите и по едно за жените.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)