Тој не ја прими понудата не дека гледаше во изедначената позиција некакво скрито предимство за себе, ами просто затоа што само со половина поен ништо не постигаше: оваа партија му е последна во полуфиналниот турнир, и само ако ја добие, само ако реализира вечерва цел поен, тој можеше да влезе во финалето за државно првенство.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Камилски остана последниот во книжарницата. Заборави на ручекот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Последен во групата беше Виктор. Беше највисок од сите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ако се даде пример од современата француска философија има голема разлика помеѓу Дерида, последниот во долгата линија на синови кои ја оплакуваат долгоочекуваната смрт на татка си, и Иригаре, која се препознава себеси како самохрано сираче несакано од татка си.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Посебно интересна е контроверзата околу Деридиниот придонес за феминизмот; според некои, Дерида е значаен затоа што укажал дека “фунда менталните философски прашања не можат да се одделат од промислувањето на разликата во полот”, според други тој е “последниот во долгата линија на синови кои ја оплакуваат долгоочекуваната смрт на татка си”.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Круме Волнаровски влезе последен во службениот автобус, кој веднаш потоа почна да се одвалува де лево, де десно, по макадамот ишаран со вирови вода.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Напред потрча командирот на четата, а последен во колоната беше комесарот со задача да ги брка пред себе тие што заостануваа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ќе си купам блок карти за со „градски“ и ќе се возам од последна во Влае до Н. Лисиче и назад.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Учебниците по историја ни објаснуваа дека поради извесни проблеми во раководството на нашиот Покраински комитет сме доцнеле и последни во бивша Југославија.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
8. Она што во преминов ќе го сонуваат, ... овој терминално разигран пар, кога наскоро ќе заспијат, ќе биде прескокнато: секвенците од соништа се строго забранети во нивниот дом, па и ако е тоа само изнајмена соба на некој карипски или флоридски остров, најнов и последен во среќно протегнатата низа низ со работа исполнетите децении на нивните споени животни приказни.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Оној што беше последен во редот, не поместувајќи ги нозете, почна да ја подава главата напред.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се упативме кон последната во долгата просторија и Живко штракна со палецот и показалецот, небаре задоцнето се огласи глувнатото штракатало на запрениот воденичен камен на напуштената воденица.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Средбата со Сојузниот министер беше последна во мојот дотогашен дипломатски итинерер.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На сите страни се вознемирени за нашата иднина!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оној што беше последен во редот, не поместувајќи ги нозете, почна да ја подава главата напред.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Командуваше и маршираа: архитектот Божинов на чело на колоната а нејзиниот Томислав по него, последен во јуначкиот строј.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)