Обдукциската информација е естетска информација и затоа што во техниките на високата технологија воспоставува специфичен статус на телото, коешто е тело од другата страна на разликата, тело на дистанцата, последната територија на чистото овде и сега во кое можеме да засечеме со Маргина 37 15 помош на високата технологија, без страв дека ќе го повредиме; можеме да го изложиме на постојана деконструкција а тоа да не го правиме мануелно или одблиску, можеме да го фрлиме во безграничниот простор на Интернет, во мрежата на распрскани флуидни идентитети.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таа последна територија е мошне слична на концептот на Арто (Artaud) за „тело без органи“, тело на чиста присутност коешто судбински го означи и животот на Арто и неговата теорија на театарот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа е критика на корпорациите воопшто, а од друга страна изложба на виртуелни тела што можеме да ги избришеме само со еден потег ако ги прекршат правилата или ако самите пак посакаме ново тело.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа е еден обдукциски простор каде што телото не се претставува туку функционира како чист материјал, без какви било повторувања.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Самото тело, така, во допир со високите технологии има некаков статус на последна територија, која е присутна како територија на дистанцата, територија на чистото овде и сега, коешто никогаш не ќе можеме во целост да го опфатиме, туку секогаш само низ перспективата на неговата деконструкција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)