На последната страница од биографијата на Нирвана, Курт Кобеин кажува дека би сакал да го реиздаде целиот нивен досегашен материјал на винил, но повторно продуциран Lo-fi, во стилот на рок панкот. превод: Нора Палмер извор на петте текста: FRIEZE, мај 94. 158 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
1938-40 Енди преживува три нервни слома.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Плукај на сѐ, па дури и на себе, биди достоен на својот имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Татко ја беше свртел последната страница од својот живот...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Но мене не ми се бара повеќе по речниците, книгите, записите, макар што во спротивно би имало работа за до крај на животот!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Расеано ја погледна впишаната цена на последната страница: 200 нови франци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ако е тоа некаква утеха, да ја завртиме и последната страница на нашата потрага!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ја читам последната страница од дневникот на патрицијот: „Нашите денови. Нашите ноќи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Насетував како ги прелистува последните страници на секогаш истата света книга, низ трите книги Библијата, Коранот, Талмудот, низ само една страница која завршува како свет мост, како допир на другиот во животот и отаде него...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сепак, му успеа ракописот да го заврши некаде во првата третина од последната страница на зелениот блок.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Веќе се чувствуваше опуштено што на својата работа ѝ го гледа крајот и го охрабруваше тоа што, најверојатно, зелениот блок ќе биде испишан до последната страница.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Авторот посакуваше точка на ракописот да стави или во првата или во втората третина на последната страница.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Најзадоволен ќе е ако прикаската се исцеди некаде на половината од последната страница од зелениот блок.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сега, допишувајќи го ракописов во утринските часови на средата во таа недела, тој се плашеше дека може да му се случи да го развлечува раскажувањето само и само да навлезе во последната страница од зелениот блок и така да го подмири својот предрасудок на штета на ракописот, да не му направи услуга на своето дело.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Вртејќи ја последната страница, во исто време почувствував неизмерно олеснување и мир.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Сепак, погледнав кон последната страница и видов нешто што никој друг не го гледаше: Луција беше гола. Беше распорена; врз неа лежеше телото на Фисот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Читај што пишува на последната страница (единствена што остана неискината) од твојот есеј.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таа ноќ била последна страница на историјата во Лесново, секако за дружината но не и за пештерците и за нивните жени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа плиснал дожд густ и кратковечен. И пак - ѕвезди.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога ја испишав и последната страница, сведочејќи за крајот на книгата, по враќањето од Албанија (...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но само откако ја прочитав книгата јас ја погледнав последната страница од корицата во која се прецизираше дека оваа извонредна авантура се случувала во Скопје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Со последната страница, со која го поклопи ракописот, Грдан се протегна од долгото седење, но во истиот момент се сепна и ги спушти рацете, зашто пред него веќе стоеше Горда - облечена и дотерана.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Не можам. Дотука е. Глувците ги изгризале последните страници.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Некои од седнувањето до станувањето не вртеа лист, гледаа во некоја буква или точка, запирка, извичник или прашалник. Некои од нас читаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таму некои од нас брзо ги прелистуваа книгите од првата до последната страница, па потоа од последната до првата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)