последен (прид.) - примерок (имн.)

Со такви гајдаџии и опиноци не се оди во номадизам; светот не се интересира за нив освен како за последни примероци на руралното.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Откако го добив еден од последните примероци на Захариј и други раскази од раката на самиот автор, со христијански скромна посвета, се најдов во за мене сосема исклучителна и пријатна ситуација, да ме изненади едно книжевно дело со својата убавина, скромност, вистинољубивост и со веќе спомнатиот природен тон.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дури и кога би исчезнал и последниот примерок, ние можеме да ја репродуцираме речиси од збор до збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш, таа го има последниот примерок од делото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)