Библиотекар(к)ите, кај кои ги носеше сигнатурите на книгите што ги бараше, отпрво мислеа дека тој е еден од оние вечни студенти што си ја подјадува последната нива одлагајќи го своето враќање на земјата; но магазинерите што му ги пронаоѓаа книгите по мувливите полици, знаеја многу повеќе и многу поточно за него.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога ќе останеше последната нива за дожневање, жетварите се натпреваруваа кој ќе дојде прв до крајот, односно кој ќе ја ожнее последната ракатка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)