последен (прид.) - книга (имн.)

Последната книга што ја има прочитано е онаа што ѝ била задолжителна во школо или на факултет, но затоа „културно” се издигнува преку сапуници и кичерајска музика.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И писателите беа помилувани, од страв дека ним може да им се случи истото што и на познатиот Нобеловец С.Р., кога лик од неговата последна книга најпрвин го врзал гол за неговата работна маса, вербално злоставувајќи го со најздодевните реплики, и читајќи му ги, со особено навредлив тон, пасусите со бескрајни описи на само едно дрво (по кои писателот беше особено познат во упатените кругови), за на крај да му го направи истото што и авторот му го сторил на неговиот лик - го фотографирал во таа, а и во други деградирачки пози, и потоа фотографиите ги ставил на Фејсбук, зачинувајќи ги со злобни коментари.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но со последнава книга ситуацијата беше променета.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа е темата за која расправам во својата последна книга The Art of The Engine.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Својата последна книга The Art of The Engine, ја завршувам упатувајќи на современото американско откритие - GPS (Global Positioning System), коешто претставува втор часовник.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А кој сте вие? – Јас сум братот на лекарот, син на пациентката. – А вие сте сигурно писателот? – Да, јас сум! – Ја читав вашата последна книга Татковите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во една од последните книги на стои: „Времето кога беше вообичаено да се гордееме со нечии успеси помина. Сега единствено можеме да се гордееме со нечија пропаст.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во својата последна книга Галбрајт пишува дека за прв пат во историјата на модернитетот поголемиот број луѓе сакаат можности за онаа слобода што носи ризик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во текот на модернитетот секогаш постоеше малцинство од привилегирани луѓе, членови на елитите, кои сакаа што помало мешање од страна на општеството, но мнозинството, доколку тоа му беше допуштено, нив ги прегласуваше и ја фаворизираше државната редистрибуција на доходот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, греши кога сугерира дека Бојс е сепак подобар политичар отколку уметник и греши исто така во својата последна книга (2) кога го зема здраво за готово прочуениот концепт на проширена уметност и прави од месијанската визија на уметникот свој непремостлив хоризонт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако Симан се однесувал како да не ја познава волјата на уметникот да побегне од системот на уметноста, тоа го сторил само за уште подобро да ја открие претпоставената вредност на делото на Бојс и поуспешно да ја вклопи, преку каталог, во серијата на “класици на ХХ век”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Токму затоа Макс Рајтман е во право кога, во “Le Monde” (од 23 јуни 1994) сфаќа дека Симан повеќе го сака Бојс како уметник отколку како политичар.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Наполно сум сигурна дека госпоѓата Лејбовиц, таинствената дама на која ѝ е посветена Твојата последна книга деветтата книга од Твојот балкански серијал што продолжува решила да Ти пишува токму затоа што ја почувствувала и среќно ја декодирала токму неискажливата димензија на Твоето авторско писмо: неговата имплицитна тишина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Твојата последна книга, која трага по Елен Лејбовиц една таинствена жена што сосема ненајдено, според својот сопствен избор и по своја свесна одлука, накратко влегла во Твојот живот, но и излегла од него на сосема идентичен начин не може да се толкува поинаку освен како низа фрагменти од љубовниот дискурс.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но среде масата беа наредени нејзините последни книги, по големина, една врз друга.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Всушност, во тоа важно писмо госпоѓата Лајбовиц се обидува да ти објасни зошто (воопшто) се решила да кореспондира со Тебе: тоа го сторила исклучително поради својата фасцинација од светот на твоите родители и онаа чудесна тишина, Барт би ја нарекол Љубов, која нив ги одржува обединети во текот на многу години (Старова, 2008: 22).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И да не продолжиш да ја запишуваш, посветувајќи и се целосно!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Признавам, од опусот на Барт најмногу сум приврзана кон неговите подоцнежни книги, оние од постструктуралистичката фаза на неговото пишување, жанровски и методолошки хибридни (како Задоволство во текстот/Lе plaisir du texte, 1973, или Светлата соба/Lа chambre claire, 1980) и белким и поради тоа апсолутно заводливи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кој вели дека кодот за нејзиното искажување фамозниот љубовен dis-cursus функционира како некој вечен календар или некоја енциклопедија на афективната култура: постојано се врти во круг, повторувајќи се без прекин (Barthes, 2007: 17).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Врз секоја последна книга имаше по едно ливче со името на еден од учениците на професорката.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Аргентина, за Борхес, претставуваше купче пријатели, неколку национални и семејни митови, шпанскиот јазик, драгите места и драгите улици во Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во последната книга што ја објави - Завереници, збирка песни од 1985- та - тој женева ја нарече една од неговите мајчински земји, а во насловната песна зборува за швајцарија како за “тврдина од разум и цврста вера”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес дојде во женева да ја побара земјата која, како што годините минуваа, во голема мера стана негова сопствена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Аргентина, неговата земја - чувствуваше - за него беше загубена, а швајцарија му го понуди оној мир што не можеше да го најде во својат родна земја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ги помина сите, но не најде ни една што би го заинтересирала, но сепак му направи впечаток последната книга во картонската кутија што отскокнуваше со големиот формат и беше необично дебела.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На овој муабет ми одекнаа зборовите од последната книга што ја прочитав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)