последен (прид.) - илузија (имн.)

Простори на последните илузии. И јас станував дел од таа сина илузија...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги загуби и последните илузии дека ќе создаде нешто големо во новите балкански услови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И сега, во оваа тивка ноќ крај реката, која повеќе не беше предизвик да се патува, Татко, посиромашен и за последните илузии, како да беше притеснет од Мајкиниот незаборав, на нивната љубов, на нивното единствено го­диш­но време на љубовта која не престануваше да цути во душата на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во бродот Галеб се одржуваше Југославија во мало како во подвижен музеј, како објект во пловидба, со елитни кадети, избраници од сите народи и народности на Југославија кои на своето копно ги насетуваа првите тектонски поместувања на големата конструкција, а на морето беа како птиците албатроси со раширени крилја, принцеви на сините морски ширини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)