Иако земаат само некои безначајности. Како на пример преостанатото мастило од перото со кое Достоевски ги напиша последните зборови.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Последните зборови на Владе јас одвај ги слушнав.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Нејзините последни зборови.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Темата беше реформите во здравството.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
„...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога ја погледнав мајката за поддршка, таа кутрата, научена прв и последен збор да има маж ѝ, само безначајно кимна со главата и срамежливо се насмевна, исправајќи ја престилката во скутот и гледајќи некаде пред себе. „Така мислиш?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Одеднаш, небаре дури сега ги разбра последните зборови од кметскиот, тој се надигна и срже:
- Господине, ти не можеш... вие немате право да ме арестувате... господине...
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој зборуваше сѐ потивко и последните зборови одвај се чуја.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Последниве зборови ме здоболеа посилно одошто да ми удреше шлаканица.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тој напред, четите по него — ги одведе во Будимерци каде што навистина им приреди пријатен одмор.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Шерет девојче! — го покани Адем Јована и му го покажа со очите Катето при последните зборови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Само ти ќе правиш намуртен суратот, како да не кандисуваш, оти којзнае дали пак тој ќе кандисат на толкав сума, како баеги пари сет.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ајте ми со здравје и вардете се! Вардете ги вашите глави баш за тоа народно дело! — беа последните зборови на Ѓорчета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Костурци останаа на милост и немилост на судбината.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас пак ќе помислам, а и ти не испуштај ваков сермија, оти ретко, зерем, се продават, — беа последните зборови од Адема, кој се врати назад на кулата и го викна Катето да му донесе цела оканица комињарка и да го служи денеска.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Секаде ќе бидеме одозгора ако случајно нѐ поткачат агите — беа последните зборови на Ѓорчета, чијшто предлог сите го одобрија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ти сега ќе гледаш што повеќе оружје да се внесе во народот, — беше последниот збор што му го рече Петре на Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Значит, петстотини ако дадат ќе оставиме да носат главите до кајмакамот, ако не нека одат кај Петре нивни, — беше последниот збор на бегот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гледајќи ги Шаќира и Ѓура, се сети дека есеноска испрати по овие двајцата шестотини лири за пушки, та сега ги закачи нив за таа работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе пукат на секого кој сакат да излезит — беа последните зборови на Арслана, а Трајко си излезе заедно со заптијата Ибраима, на кого мудурот му нареди да ги пушти затворниците од авурот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ем, не туку чевли да бидат на бројот беговски сакам, — и пак се насмеа, обрнувајќи му се на Толета при последните зборови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се наложија преку ноќ со толчени коприви, кромид и сол и утрото, уште рано, аазите заредија од куќа — на куќа, да ги собираат парите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ден, два,три — за мене е сеедно, но сакам да се слуша мојот збор во моата куќа, — беше последниот збор на Толета по тоа прашање.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Бак, бак, бак! — му се испушти на бимбашијата кога прв ги забележи и му ги покажа на Бахтијара.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Вечно ќе го паметиме нејзиниот последен збор: Кре!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Затвори ја муцката! (последниве зборови му беа упатени на папагалот, чии свирежи станаа неподносливи.)
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во мислите, минав низ сиот негов работен век, поттикнат од последните зборови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Секретарот Зафиров не му одговори ништо. Не сакаше да се искажува пред претседателот на судот, а Партијата, впрочем, секогаш го имаше последниот збор.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко и натаму не го менуваше изразот, а Мирон Донски последните зборови ги кажа благо, смислено, патетично.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сега кога постои, вие треба... (последните зборови ги изговара тивко) Питон: Што?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Како тежок железен чекан го удираа сега по глава особено последните зборови на Делчев: „Сенародното востание во 1903 ќе биде пребрзано...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Ги повтори тој два-три пати последните зборови и полека тетеравејќи се, стана.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но Веле, како да не ги чу последните зборови на велгоштанецот, со занес рече: - Сè што излегува од твојата рака, сѐ што си сработил со неа го радува срцето, како што детето ја радува мајката.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Му се чинеше дека ако некогаш бил близу, тогаш сега е најблизу до оној последен збор што го бараше за да си го објасни светот, но и тој миг се изгуби пред да се појави, така што ни трагата не можеше да му се задржи во погледот. 10.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ако не знаел, зошто тогаш последните зборови до мене, кога заспивал во Господа, во светлозрачниот Рим, на четиринаесеттиот ден од месец февруари, на вториот индикт од создавањето на светот, шест илјади триста седумдесет и седмата година, ги запишал на писмо, на книга стуткана, со својот ситен, неубав краснопис, и рекол: „Ова да му го дадете на отец Иларион.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Беше целиот во бела прав, но среќен, оти в рака ја држеше плочката од кал со отисокот од последниот збор наназад, а првиот однапред во текстот мерено!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А желката Поповиќ влегуваше бурно како војник во училницата, киваше и бараше во хор да ги повторуваме последните зборови на убиениот крал: - Чувајте ми ја Југославија!
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Последните зборови од извештајот ме згрозија и ме потсетија на тоа, дека далеку на север постоеше едно собирно место каде луѓето ги ослободуваше трудот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А ете, не може да поднесе неколку голтки алкохол.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Изговарајќи ги последните зборови, се сврте кон мене, ми намигна, и продолжи: “Знаете, брат ви неодамна објави книга за соништата, за некакви едипови комплекси, за таткоубиства и мајкопосакувања, за свесно и несвесно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Последниот збор ми стана толку мил, што јас, по извесно време, само него си го повторував и преповторував.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Пишувал долго и пишувал многу, сфати сега, оти пред него имаше само еден празен лист, за последните зборови на писмото.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ветерот што цел ден виеше се смирил и тој ја почувствува убавината на мирната зимска ноќ речиси како душевно блаженство.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Последниве зборови си ги промрморе некако во носот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
ЛУКОВ: (Уште додека Фезлиев ги зборува последните реченици, излегува кон кујната и токму со последниот збор на Фезлиев се враќа со шише во раката. Го остава, со удир по масата, пред Фезлиев.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
НЕДА: (Потресена од тоа што првин го чу, како да не ги слуша последните зборови на Ивана.) Иване, зар на Ѓорчета Петров?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
АНТИЦА: (од последниве зборови чувствува страв и почнува да се тресе). За тоа ли мислите?!..
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Понесена со таа смела, но реална мисла, Рада ги слушна само последните зборови од водичот кој ја продолжи дискусијата по изгледаниот филм.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- На овие последни зборови се смршти челото на средовечниот капетан.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Една огромна засушена солза го беше избледела последниот збор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Последните зборови на Рада уште повеќе го разбеснеа разочараниот пастув.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За Светлана и пред тоа знаеше дека ќе се сложи, но од последните зборови на Никодин забележа како тој сега омекнува.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Добро, добро, љубов моја! На бојното поле последниот збор е топовски, а во куќата е на жената. Прифаќам без збор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ќе нѝ изѕебнат нозете - си мислеше на сиромаштијата која како црна сенка со отворени челусти се спушти над селото - Не соголија до коска - беа последните зборови на кои се сеќаваше Јана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа беа последните зборови: офицерот го свитка документот надве, колку што е потребно да се смести в џеб.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И така, ја одбив љубезната промоција на готвени јадења, супи, чорби и месено... зашто, ако некој треба да си оди од дома и да ме напушти, последните зборови сигурно нема да му бидат: „Да си ибеш векот, стварно убаво готвиш“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Веруваше дека некој автобус ќе помине и ќе ја земе, ќе ја изведе оттаму.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа викаше: има ли жив човек, а ѝ се враќаше само последниот збор.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Строгост, строгост и строгост“, велеше тој обично и при последниот збор мошне значајно гледаше во лицето на оној на којшто му зборуваше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На ред се, до последниот збор на моево кажување, морничави настани.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Свртена со глава кон земјата, месечината чекореше преку небото: на секој половина чекор.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Притиснати од мноштвото неразрешени турцизми кои го очекуваа нивниот конечен суд, тие решија, откако ќе го разгледаат и последниот збор од првата серија милет, на секоја сесија да реферираат за по пет збора, секој одделно, до исполнувањето на замислената листа од сто зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски, свесен за убавината на последните зборови што ги изговори, убаво ги нагласи, предизвикувајќи го саканиот ефект и кај Татко: Прекрасно, прекрасно, мој Камилски, со ова можеме да сметаме дека е завршена нашата денешна расправа за контроверзниот курбан?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XLII И со последниот збор кодош, од својот дел на листата на петте опасни турцизми за кои требаше да реферира, Камилски си имаше големи маки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но тој сѐ уште си го немаше кажано последниот збор: Нашата планета Земја постојано се јаничаризира.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко задоцнето ги прокоментира последните зборови на Камилски: Тие зборови, мој Камилски, се врзани за нашето минато, а понекогаш само еден збор може да послужи како паметник, мост помеѓу изминатите и сегашните времиња, како незаменлив историски документ и траен извор!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XLVI Кога започнаа да трагаат по опасните турцизми во балканските јазици кои во толковните и другите речници носеа најчесто ознаки дека се зборови историзми, кои главно си го завршиле своето значење, Татко и Климент Камилски не можеа воопшто да си претпостават, по нивните сестрани потраги, колку продолжуваше мистериозното присуство на овие поими, со незавршено, изменето и разгрането значење во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во холивудската шема се ангажирани тимови специјалисти по сешто, но едно што разбрав е дека често оној чиј последен збор се слуша не е режисерот, ниту сценаристот - туку продуцентот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ова не е само признание туку и покана за да дојдете во нашата вистинска Палестина... Можеби еден ден...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Судбината слуша... Последните зборови ги изговори со насолзени очи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Палестинското прашање првин се маргинализираше во земјата која ја претставувув, тогаш сета во грч од силните внатрешни националистички и дезинтегративни детонации, зајакнати и од почетоците на крајот на биполарната епоха...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Немав достојни последни зборови кои можев да му ги упатам на Арафат при крајот на мојата дипломатска мисија како прв амбасадор во малата држава Палестина во Тунис, но повеќе тоа можеше да биде лично ветување: - Почитуван Претседателе Арафат, драг пријателе, ја изразувам бескрајната благодарност на мојата Мајка до палестинските Мајки.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Марин Крусиќ вревливо се поклони, задушувајќи се во последните зборови кои го насмевнаа бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мораше да ги испочитува твоите последни зборови.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
По последните зборови, како да се уплаши од тоа што го кажа за здравјето, па брзо додаде: - Сега не...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кога ќе натокмиме царското, ќе оставиме за домазлак на овие домаќини – издаде заповед силниот кадија и иронично се насмеа при последните зборови овие домаќини.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Везирот почна и го прочита докрај писмото. – Стој – викна султанот кога ги слушна последните зборови дека слугата што го донесол писмото е еден од оние што се спасиле при последниот обид да се фатат разбојниците, и го праша везирот: – Каде е тој наш слуга што го донесе писмово?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
— При последните зборови ја погледна Доста,се поднасмевна и и намиша.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мажјето нека си а гледаат нивната работа, ние ќе си а гледаме нашата! — беа последните зборови на Митра околу ова „важно" прашање.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Е море, така велите, така нека биде. Токо, мене не ми се прави ќевот, — беше последниот збор на попот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така Хегел го сметал својот „систем на апсолутна филозофија“ за последен збор на мудроста.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Ниту Татко, ниту Цветан Горски не можеа да замислат во мигот дека ги слушаат последните зборови во животот на нивниот голем пријател и учител, Игор Лозински.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога ги слушна последните зборови на Игора упатени кон Бога, на најлошото помисли, на војна, на што друго.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Овие последни зборови - пораки на Игор Лозински, силно се врежаа во сеќавањето на Татко и Цветана Горски.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
А тука излез немаше. Партијата го имаше последниот збор.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога ги изговараше последните зборови, низ неговото лице се слизнаа две, три солзи, кои уште повеќе го зајакнаа значењето на она што го говореше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ова се последните зборови на Кит во ова интервју: „Кога човек се приближува до крајот на приказната, треба да почне да ги поентира работите во една.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тоа беа последните зборови на Јаким Ниновски, во неговата канцеларија оној понеделник кој за жал во бележникот на секретарката Ботка веќе не постоеше. Беше изчезнат.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ако сакаш да знаеш, до последен збор ги дешифрирав знаците од играта на твоите прсти по моето рамо. Мислам на знаците од пред малку.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тенорот го подига последниот збор и гласот останува за миг да виси во растреперениот ноќен воздух и секнува песната колку за да чукне срцето посилно, градите да се наполнат со воздух.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кола, капак, крст, цвеќиња и венци; и повторно попот (млад селски мангуп со брадичка) кој го кажува последниот збор додека гробарите импровизираат примитивен лифт.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Во последно време се чувствувам презаморена што посебно ме загрижува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Господине
Овој пат вашиот факс добро започна, но остана некомплетен, се чини запре одеднаш со последните зборови:
во Македонија, а во тек на објавување е во Австрија и.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Нека гракаат гаврани и со остар поглед орлите од висина нека одбираат мрша... - последните зборови ги изусти небаре се остаток од издишка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
За сите... – последните зборови ги искажа развлечено и потврдно.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој беше партија и нему му припаѓаше последниот збор на кој сите веруваа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Направете план за противнапад... Последните зборови за сите прозвучија како наредба.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Партијата го имаше последниот збор.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А.А. последните зборови ги изговори станат, гласно.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Можеше да се помисли дека последните зборови на П.П., за ископаните очи на светците од фреските, го предизвикаа мракот. П.П. престана да зборува.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И.И. последниве зборови ги проследува со иронична насмевка.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Последниве зборови ги изговори тивко и до тука на „ти“.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А.А. гласно, како во Атеистичкиот музеј, го изговори последниот збор од реченицата „иднина“, сигурно за да допре и до слушното поле на Х.Х.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јас се осмелив сепак да се надоврзам на последните зборови на А.А.: - Рисјаните и муслиманите многу векови живееле заедно, опстанале низ истиот јазик и судбина, сигурно ќе најдат сили да ја продолжат убавата традиција, во соживотот на верската толеранција која се наследува како драгоцен дар од генерација на генерација!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Веќе бев потсмирена со плачењето, удобно бев сместена во прегратките на мајка ми и се чувствував безбедна, но последниве зборови, колку и да знаев дека татко ми само онака, по навика ги кажува и дека всушност веројатно не мисли баш така, сепак ме избезумија.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Мој е романот и јас ќе го имам последниот збор – инсистирав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Што има на мајка ми да ѝ вика, кога јас сум таа што згреши?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Не трпам цензури и цензори – беше прилично груба таа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)