посилен (прид.) - отколку (сврз.)

Требаше уште да сонува, да доживува посилно отколку во стварноста, како да не е в колиба, по една смрт на човек кој сепак имал веѓи и не бил слеп.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој знаеше дека неговите приказни будат кај Велета нешто многу подлабоко и посилно отколку што беа само моментниот заборав на тешкиот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
— Кај Челебиата сакам, шо ме туркаш! — му се овргали Толе и го турна посилно отколку тој него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)