Другите вклучуваат: • приговори (често искажани од филозофи и научници од општествените науки) искажани врз основа на погрешно разбирање не Gödel-овата теорема, квантната физика и другите резултати од математиката и природните науки што се во врска со AI; • приговори базирани на набљудувања на нешта за кои се тврди дека луѓето можат да ги прават но машините ете не можат; 86 Margina #3 [1994] | okno.mk • приговори кои произлегуваат од монистичкиот редукционизам и од недостигот на разбирање на поимот на различни нивоа на дискурс (пр. когнитивен наспроти имплементациски); • приговори предизвикани од ограниченото разбирање на компјутерите и воопшто информатиката. Rychlack-овите посебни тврдења се полни со чисти манифестации на сите гореспоменати конфузии (помеѓу другите), и така, тие служат како инструктивни, иако екстремни, примери од типот на конфузии кои ние се надеваме дека ќе ги разјасниме во оваа дискусија.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)