Далеку од тоа дека изумира, таа практика си живее, а уредниците на ТОНИ со своите културни преференции сведочат за нејзината натамошна виталност, токму кога тврдат дека традиционалната геј-култура веќе не е релевантна за нивната генерација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што излегува, тоа се објектите на кои текстописците од ТОНИ особено им се восхитуваат, кои им се подраги од невпечатливине, нискобуџетнине филмови од новите квир-филмаџии кон кои гледаат презирно (Ариел Шраг, дописник во форумот на ТОНИ и некогашен текстописец за Ди ел ворд, изнесува посебен презир кон експерименталниот квир-фестивал МИКС во Њујорк).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова се токму онаквите масмедиумски културни објекти што сѐ уште можат да служат како средства за настрано чувствување (Лејди Гага, ало?).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Долго пред да има отворена, експлицитна машка геј-култура, со сопствена „идентитетска уметност“, веќе си имало машка геј-културна практика што се состоела од присвојување, декодирање, прекодирање и настранување ликови како Џуди Гарланд и Џоан Крафорд, која наоѓала хомосексуално значење во романите на Херман Мелвил и која ги пригрнувала сеженските мелодрами како Жените и Сексот и градот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)