Неговата посета имала за цел да го испита пулсот на балканските земји спрема Германија и да ја согледа можноста за сузбивање на експанзионистичкото германско влијание на Балканот, како и евентуалното убедување на балканските земји да се спротивстават на германската и италијанската експанзија, со што би го намалиле воениот притисок кој бил вршен од страна на Германија врз Велика Британија, а исто така неговото присуство имало за цел да испита дали се можни јакнењето и престижот на САД на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
14 По навлегувањето на германските сили во Романија и по нападот на италијанските сили на Грција, т.е. кога настаните на Балканот се нашле во средиштето на политичкиот и стратегискиот интерес, и покрај тоа што официјално не биле во војна, американскиот претседател Франклин Делано Рузвелт го испратил на Балканот својот посебен пратеник, полковникот Вилијам Донован.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)