Со објавувањето на книгата на Крсте Мисирков „За македонцките работи“ биле дополнети програмските цели на МНЛД.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Покрај основните белези на Србите, Хрватите и Словенците, биле дадени и основните карактеристики на Македонците, како посебен народ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во коментарот се потенцира дека Македонците „формираат малцинство од околу 750 000, зборуваат словенски дијалект, којшто е нешто меѓу српскиот и бугарскиот, и живеат во делот на Југославија каде што се водеа жестоки борби во сегашниот блиц-криг.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Програмските цели на другарството биле: признавање на македонските Словени од страна на Османлиската империја како посебен народ со посебен литературен јазик кој напоредно со османскиот би бил официјален јазик во трите македонски вилаети; признавање на македонска независна црква; назначување на генерален гувернер со помошници од националните малцинства во трите вилаети и локално избран народен совет.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)