Скопската шмизла може да ја препознаете како личност на која освен коли, пари, гардероба, накит и останатите пратечи материјални елементи за друго и не пројавува посебен интерес.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
И ете зошто оваа книга на Луан Старова е од посебен интерес.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во моите помлади години, свртен со многу поназначена љубов кон медицината и математиката, јас со посебен интерес го изучував проблемот на психеделичката уметност.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тој секогаш ѝ бил од посебен интерес.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Она што кај мене создаваше посебен интерес како рецептор на кино изразот беа проекциите на филмовите во саботите со почеток во 11 часот. (Не можам да се сетам дали кино сигналот се еманираше пред почетокот или после завршувањето на Младинската емисијата на првата програма на Радио Скопје „Црвени каранфили“.) Таквите кино сеанси беа во надлежност на младинските организации.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тоа, од своја страна, го зголемувало интересот на британските дипломатски и конзуларни претставници во Кралството Југославија кои, во своите извештаи, правеле анализи за етничката припадност на населението во Македонија, како и на политичката, економската и социјалната состојба.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од тие причини, тој сметал дека е неопходно и без многу двоумење „да им ги разјасниме на Русите нашите посебни интереси во Источниот Медитеран, а оттука и во Грција и Турција, воедно и нашите интереси каде било на Балканот“, но потенцирал дека „со секој преземен чекор“ Британците би морале да бидат „многу внимателни и да не оставиме импресија на директен предизвик“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во анализата на состојбите на Балканот посебно внимание експертите на Форин офис обрнале на терминолошките разлики.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во своите анализи експертите на Форин офис сметале дека таквата федерација би требало да се формира под контрола на една од големите сили, па дури својот авторитет таа да го наметне и со помош на принуда.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Политичкиот естаблишмент на Велика Британија не покажувал посебен интерес за настаните во Македонија која се наоѓала во рамките на Кралството Југославија во периодот меѓу двете светски војни, освен кога се работело за некои ситуации во кои имало одредени активности од страна на четите на ВМРО и нивното навлегување на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од тие причини, Британците со посебен интерес ги следеле добиените информации за формирање југословенско-бугарска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Балканот, од страна на администрацијата во Вашингтон, беше сметан за духовно заостанат регион, којшто не е од посебен интерес за САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Јас не покажував никаков посебен интерес за овој обичај с до денот кога открив дека филозофот Гастон Башлар ја беше возвишил лавандата до еден вид метафизичко достоинство пишувајќи, во Поетиката на пространството дека лавандата придонесува за Берgсоновото траење во хиерархијата на ткаенините.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Крајот на Бургиба не можеше да биде без посебен интерес за земјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Меѓутоа почитувани другари, за сите вас од посебен интерес е европската, односно балканската јагула, за чија судбина треба да одлучи денес нашата Партија. И никој друг!
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Јавната сфера наместо средина за рационална критичка дебата стана арена на рекламирањето.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Ова отстранување на критичкиот дискурс придонесува за деполитизација на јавната сфера и нејзино осиромашување, со штетни последици врз демократијата: „Процесот на политички релевантното практикување и балансирање на моќта сега се случува директно меѓу приватните бирократии, здруженијата за посебни интереси, партиите и јавната администрација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Мора да се укаже и на разочараноста на работниците од односот на раководството на ССМ, кое за овој случај не покажа некој посебен интерес, иако од нив на повеќе наврати се бараше да помогнат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, пред, за време на штрајкот и после неговата забрана, штрајкувачкиот одбор упатува апели за помош и одржува средби со политичари, владини функционери и пратеници од овој град (вицепремиерот В. Пешевски, тогашниот министерот за финансии Т. Славески, министерот за економија Ф. Бесими, заменик министерот за правда И. Ибрахими, градоначалникот на Битола В. Талевски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Н. Котевски и др.), меѓутоа од тоа не добиваат никаква корист.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)