Попатната панорама беше сива, полињата без снег, освен во планините.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Попатната панорама беше многу интересна, иако насекаде се белееше само снег, снег и снег.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Попатната панорама кон Келн ја дооформува пловната река Рајна низ која, од север и од југ, се влечат многу товарни бродови и шлепови, полни со стока.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Целата попатна панорама е исполнета со населени места: со градови и села, со населби, со индустриски објекти и нивниот крај не може да се догледа, зашто тој се претопува во нов почеток.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ваквата попатна панорама нѐ заморува, зашто на многу места е испресечена со канали.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Возот тргна кон Австрија низ која се патуваше дење, па одвреме-навреме уживавме во убавата попатна панорама која нѐ следеше сѐ до првиот мрак, кога влеговме во нашата земја, кај Јесенице.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Зад нас останаа изминати две илјади километри, по снег, мраз, со лизгање, убави попатни панорами, но за сето време само Коле беше буден.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Попатната панорама - густи маслинови гори и уште погуста борова шума, чија миризба на смола се шири низ сето ова пространство и нè следи и потаму од Касандра.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)