Исто така, со оглед на различните пристапи како на естетичарите на рок и поп музиката, така и на психолозите кои првенствено се заинтересирани за психичките процеси вклучени во компонирањето и изведувањето на оваа музика, сѐ уште е тешко да се одговори на прашањето дали рок музиката е хемиски индуцирана, со директното влијание на хемиски потентните материи врз невронската активност на мозокот или, пак, е автентично човечка творба само поттикната со хемиски материи, додека сиот понатамошен процес се одвива според сите законитости на оригиналната творечка активност, карактеристична за творци кои не користат вештачки поттикнувачки средства.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)