228 Веќе на 6 септември 1944 година штабот на Балканските воздушни сили испратил радиограма до мисиите со краток преглед на “штетите направени за време на “Ratweek“ од партизаните и сојузничките воздушни сили, со препорака за понатамошни операции против комуникациите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Исто така Милер известил дека на Заседанието одржал говор и Светозар Вукмановиќ - Темпо кој нагласил дека “партизаните на македонската армија се подготвени за понатамошни операции против Хуните во правец на Берлин“.305 Текот на Заседанието со особено внимание бил следен од претставниците на британската и американската воена мисија во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)