помал (прид.) - отколку (сврз.)

Онисифор Мечкојад ја бутнал вратата со нога (светецот се затетеравил од ударот, копитото на коњот се допреле до аждерот) и влегол во одајче претесно и за џуџе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штетата од него и за нас и за Турција е огромна, но пак помала отколку што можеше да биде.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Внатре лежел на куп кожи вујкото Јаков, сам и помал отколку што бил пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стресувајќи се за миг заради она што се случило и она што можело да се случи, Онисифор Проказник го видел пред себе другиот Онисифор, изменет, со крваво чело, помал отколку што можел да се намали од студот. И самиот се намалувал од својот јад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ој ти земјо пуста да си од тебе сме пак во тебе ние сите ќе влеземе да ни јадеш бели меса да ни пиеш црни очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Туѓата, износена облека пак спласна, се собра, стана помала отколку што беше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)