После можеше само уште да гледа по она црно клопче, што стануваше сѐ помало во одалечувањето, тоа просто како да се лизгаше по својата дира, сѐ додека не виде како еднаш исчезна меѓу стеблата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оваа бројка е сепак помала во споредба со 30-те милиони уживатели на бензо-диазепин регистрирани во 1979-та година.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Да се смета дека Деридината философија е антропоцентрична може да се чини погрешно, бидејќи тој го отфрла поимот за унифициран човечки субјект.25
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бог сѐ уште игра значајна философска ролја во Декартовата, Спинозината, Лајбницовата и Берклиевата философија, но неговата улога е многу помала во Локовата, Хјумовата и Кантовата философија, кои се сосредоточени околу способностите и склоностите на човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Додека средновековната филозофија е теоцентрична, во модернистичките системи Бог исполнува помалку важна философска функција ако воопшто и исполнува некоја.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)