Секогаш во животот од помали несреќи ми идеа поголеми...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Колку и да се тешевме со мајчината изрека дека заедничката несреќа е помала несреќа, на портата на нашата куќа тропаше сигурно смртта. Таа овој пат го повикуваше семејството, Козар маало.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И за среќа, за помала несреќа, јажињата да ти биле за обележување на границата!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Шефот го прекори: Започни веќе еднаш со прашањата, нè чека голема работа, има многу кози во Козар маало. – Заедничката несреќа е помала несреќа! – изусти тивко мајка ми, повеќе за себе, но во тие мигови ние децата ја впивавме и самата тишина, па ги примавме и нејзините сигнали.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)