Такви како Војнета во Ливаѓе и од Брезница тој уште од партизанското време имаше по сите села, а тие си знаеја дека од Сврделот им зависи дали ќе бидат со поголема или со помала власт во своите села, кому ќе му продадат кому не боречка пензија, пасош за во странство и многу други таквите работи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)