помал (прид.) - брат (имн.)

– Пол? – продолжи службеникот. – Се разбира, женски! – го прекори пак шефот. – Па може да има прч! – рече првпат нешто во одбрана на службеникот. – Кај прчовите одиме со козите кај козарот Чанга, преку дрвениот мост, – рече едниот од помалите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И едно утро, кога сѐ беше готово, Гоце им ја бакна раката на расплаканата мајка и на татка си, се прости со своите пет сестри и трите помали братчиња и киниса за Софија...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во Софија Гоце се запиша во военото училиште и облече јункерски мундир 21). Военото училиште траеше четири години.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Никогаш не дозволуваше да се однесуваме лошо со мајка ни.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сепак, брзав да пораснам, а сега толку многу ми недостасуваат безгрижните детски денови, бастунот на дедо ми, приказните на баба ми, спортските автомобили на помалиот брат на татко ми, семејните средби секој 29 Ноември, без изостанок.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мајка ми ги симна филџаните од креденчето, татко ми ги остави пакетчињата до креветот на дедо ми, и отидоа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Помалиот брат на татко ни, кој сѐ уште живее во Берлин.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа настапи Александар (неговиот помал брат од Берлин) со лонг плејките со музика што беше тренд во седумдесеттите и нашиот татко почна полека, додуша малку тврдоглаво да ги прифаќа промените...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нина го сакаше зашто чувствуваше дека се обидува трите деца да не ги закине за ведрите страни на детството и младоста, машките толерирајќи ги во палавостите, но и во ноќните мокрења што му се вратија на помалото братче кое и самиот трпеливо го преслекуваше шегувајќи се и терајќи го уплашеното дете на смеење, додека неа ја поттикнуваше на дружење со генерацијата, на излети со сокласниците, давајќи ѝ, секогаш кога ќе посакаше, пари за посета на приредби и претстави, дури молкум, правејќи се дека не разбира, и за матинеата што спорадично се случуваа, а на кои секогаш ја наговараше нејзината најдобра другарка Ребека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нивната сука што во дворот на куќата обично ја правеше со своите две помали братчиња, овојпат ја направи сама.  Пред очи и дојде ликот на татко ѝ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се надевав дека ќе најдам барем и друг што треба сега да ги поправа чевлите, па јас да му се придружам како помал брат, да се јавиме заедно, и така покрај него, без да излегувам на прв план, да ја свршам и јас својата работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ги залага децата од стрика му и помалите братчиња и сестричиња со по некое и друго симитче, шеќерче, си повечераа и се наредија во кошарчето како секоја вечер, само оваа вечер Ката си посла во ќералчето и Толе пак проведе една брачна ноќ со неа насамо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тивко дополни: - Мајко, додека сме ние на работа,никогаш нема да ги заборавиме помалите браќа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко ми ја преместува печката од соба в соба Верува оти го има летото в раце Мајка ми се крсти бидејќи се сомнева дека нечестивиот управува со неговите намери “Господи летата и зимите се твоја грижа Зошто оставаш да верува дека станал чудотворец” Секогаш додека таа се моли помалиот брат се игра со нејзините зборови како маче со клопец Се враќам при татко ми токму кога ја качува печката на покривот Некој топол ветер шета околу нашата куќа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се сети на Френк кој сам ја надгледуваше работата и бран на приврзаност ”за својот помал брат” се разбранува низ неговото битие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И неговото помало братче Мишко дотрча крај него го залепи нослето до студеното стакло и уште порадосно свика: - Аииј, снег!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И покрај сите вакви збунувачки размисли, за нас смртта не е веќе она што претставувала за татко ми оној ден кога го пронашол својот помал брат во сенката на една од крушите кај Желкин рид потпрен со грбот на стеблото на престарената круша и со матарка вода во раката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тргнал човекот на пат што му се причинил примамлив и угоден.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто да не можам и јас да размислувам за смртта на сличен начин?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стариот велеше дека имал впечаток оти неговиот помал брат си заминал од овој живот без да е свесен за тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Секаде каде што ќе намине смртта се случуваат сосема обични а сепак чудни настани кои за жал остануваат недоразјаснети“, беше заклучокот на татко ми изведен од чудната смрт на неговиот помал брат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Речи си трчејќи заминал кон полето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа утро, пред да излезе од дома помалиот брат на татко ми бил полн со здравје и многу весел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мојот поглед ја галеше хартијата; гледав во полните усни, во внимателно зачешланата коса, во замислената линија меѓу веѓите, во очите кои плачеа навнатре, и помислував дека можеби во тој ист миг Рајнер седи во својата соба, и како што јас гледав во тој лист хартија, така тој гледа во црвениот џеб што му го дадов за спомен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Наутро, кога моите сестри и помалиот брат заминуваа во училиште, а Зигмунд на предавања на универзитетот, и откако мама одеше да му помага на татко во продавницата, јас го вадев од под тепихот, каде што го криев, оној лист хартија на кој беше нацртан ликот на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можете да ме слушнете како свирам на пијано на десетгодишна возраст, додека мојот помал брат плаче во позадината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На едниот од орлите му дале име на некој крал од Маџарско, со кој тогаш војуваа, а другиот го крстиле Дамче и пред насобраните селани, пред своите татковци, помали браќа и синови биеја шега со нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште поопасен изгледаше Богоја и затоа што тој секогаш, ама секогаш беше во друштво на двајцата свои помали браќа, близнаците Петара и Павлета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму, на сретселото, на чешмата, завари неколку момички, во друштво на помали братчиња и сестрички лееја вода за вршачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На навалување на Началството од Потковицата и на Комитетот од Прилеп, и лично на војводите Петрета Ацев и Горчета Петров, бугарските воени власти го оволнија Петара, како хранител на помалите браќа, а тие, Началството, Комитетот и војводите, за да не се дозапусти сосема лозата Младенови и за да има навистина кој да се грижи за сираците, уште истиот ден го оженија со една Дамческа, со Калина Блажева Дамческа, која, пак, се учеше во француското Женско училиште во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јован Дамчески, синот на помалиот брат на Дамчета, на Богоја, русокосо и тенко момче кое служеше на неговиот чифлиг, инаку лика сосема спротивна на татко си и на сиот сој Дамчески, сонил сон сосема ист со оној што го запишал пустиникот Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мартин веќе десет години живееше во Германија и секој месец во форма на девизен чек великодушно го помагаше неговиот помал брат и своите родители.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Можеби ја потсетував на татко ми, нејзиниот помал брат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ова секако е начелото „Cross the Border - Close the Gap”, постигнато со посредство на столбови и лакови; архитектонскиот „двоен код” на Џенкс е помал брат на Фидлеровиот литературен „двоен агент”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога требаше помалиот брат да го испратиме, Добрила како мајка и јас како сестра требаше да го бакнеме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не знаев дека другарите што ја подготвија претставата се плашеле дека јас имам голема улога и дека би можела да се збунам. На двапати пеев.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко му, чувствуваше дека ги сакаше еднакво - него, и помалиот брат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Можеби најзначајната причина постарите браќа да се определат да учат во средни стручни училишта беше можноста тие што побргу да завршат и да најдат работа, за да им овозможат и на другите помали браќа и на сестра­та да се школуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Едно утро, не знам зошто ми падна на ум, сакав да се пошегувам со моето помало братче Ратко.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- Ако, така ми треба кога во бандата примам девојчиња со помали браќа од нив, - си помислив, а на Мишко му реков: - Се спаси овојпат, друг пат чувај се добро, забите ќе ти ги искршам!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Понекогаш ми се случуваше да ја чујам како слегува по скалите и како вратата ќе крцне кога ќе влезе во готвачницата каде што спиевме јас и моите двајца помали браќа на постелата зад вратата и дедо ми и баба ми на другата постела, спроти вратата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Авторот, најверојатно, прикаската за Пене, помалиот брат на Едо Бранов конечно ќе ја напуштеше зашто тој повеќе во прикаската не се ни споменува, но идното лето се случи, една негова пријателка од Холандија – Рики, историчарка преокупирана со проучување на правата на малцинствата на Балканот, да дојде во Скопје заради истражување во Архивот на Република Македонија каде што целокупната документација за Граѓанската војна во Грција беше пренесена на чување од Романија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш ми кажа дека утредента ќе дојдел човекот кој бил сведок на погибијата од нејзиниот девер, а помал брат на дедо Петре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не заборавам, тука беше и неговиот помал брат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)