полуотворен (прид.) - врата (имн.)

Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапоносни агенти: оџачари со мердивани за да подгледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предводени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрчкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога ќе соберам околу дваесет такви нуспроизводи, ќе направам изложба. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 159 ЉУБА: Сите тие твои планови ги обединува една прекрасна специфичност: Тие секогаш како полуотворена врата, се затвораат од првото ветре.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Низ полуотворените врати се гледаа шишињата со инфузија надвиснати над болничките кревети.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Од полуотворените врати на секаквите куќи кон мене зјапаа баби со лица на црцорци и тапонски агенти: оџачари со мердивани за да погледнуваат во туѓи прозорци, попови со оружје под прешироките мантии, предвоени пензионери на патерици и во излижани облеки на риги но со полициска цел во голите и збрачкани тикви, маслосани асфалтери со замачкани муцки и со душоваднички нокти на прстите, пожарникари, лажни студенти на државни бицикли, продавачи на зашеќерен сусам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)