полски (прид.) - цвеќе (имн.)

Оттаму, од Швајцарија, или некаде од Европа, Јован доаѓаше во Потковицата, и секогаш кога ќе дојдеше првин одеше право на гробиштата и таму на гробот на деда си оставаше ракатка полски цвеќиња, патема набрани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Доцна вечерта, со полни заграби киселица, полски цвеќиња и добови гранчиња, дар за домашните, чупите се враќаа во населбата во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А одочесниците низ полето, како и додоларките накитени со зеленило, со венци од младо жито и од полски цвеќиња, опремени со крстови и икони, пееја своја песна: Крсти носам, бога молам: Господи помилуј! Господи заврни!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Горе на ѕидовите и на само половина метро подолу од таванот и точно над подѕидоците прикрепени се дрвени полици, кои се натоварени со дуњи, јаболки и петтопрсни тиквиња, а долу под полиците врзани во снопчиња и обесени на ѕидовите, висат мисирски кочани, исушени полски цвеќиња, треви и чаеви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беа убави плетеници од стеблата на житото, кои се закитуваа со полски цвеќиња и од кои право прудолу се бесеа неизронети класје, слично на брада.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако беше стасано, то ест ако беше зрното испечено, за уште еднаш посигурни во својата неискоренливост, приквечер се враќаа дома со преполни срца и со преполни заграби полски цвеќиња, подарок за женската челад, идните жетварки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Топлината што се шири од него шумно се меша со мирисот на дуњите и јаболката и со мирисот на исушените полски цвеќиња,треви и чаеви, и уште еднаш ја потврдува неговата преѓашна помисла дека сите тие заедно прилегаат на неземски суштества, на духови кои не седат овде, во Јанческата гостинска одаја, туку блудат некаде другаде, на некое друго место под небесата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Однадвор разнобојни полски цвеќиња, а внатрешноста како музеј.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Алберт и јас сме само припадници на една генерација што заминува, тој поважен, јас поневажна, вели Дени, но нашата суштина ќе остане во Clock House.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Снопчиња сино полско цвеќе (им го заборавив името), прилично наконтени за своето потекло, ги дошминкуваат приодите до главните „ѕвезди“: бледите божури, кои ги нарекуваат „полски“, старомодните рози, вечерните јаглики...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Денот беше свеж, воздухот чист, полн со мириси на полско цвеќе кои ги носеше ветрот од пелистерските падини.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Граничарите нѐ пречекаа со мешано полско цвеќе што го собрале покрај пругата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја преполни куќата со цвеќиња–изобилство полско цвеќе, темјанушки, нарциси во вазните, зумбули, фикуси, филадентрони; кактуси во саксиите, дури палма и лимун чии прв жолт малечок плод го држеше на дланката како да се плашеше дека ќе исчезне.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се влечеа молчешкум, во насока на сонцето кое бавно заоѓаше.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Гладниот Петја - право детско лешче - сите ги престигаше, трчајќи по полето и кинејќи го белото полско цвеќе.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Паметиш, му велам, кога поминавме еднаш покрај местото на стрелањето, како се одделија неколку наши и набраа полско цвеќе и го растурија таму?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Далтон погледна низ прозорот во некој меѓупростор во Калифорнија каде што имаше треви високи до половина, полски цвеќиња и дури и ноќе чувство на премногу сонце.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа се обиде да го праша што се случило.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се обидуваше да си го претстави Џони Мохак, но не успеваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)