Да одат на бригадирски казан, не што им беше под ниво колку што секогаш кога ќе се делеше храната тие ќе беа некаде на терен, а во најдобар случај можеа да им го оставаат следувањето во шаторот па тие по дневното снимање навечер да си ги најдат порциите залоени како штирак, полазени со црвени мравки и по некој полски глушец.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Исто така бевме и големи љубители на LSD, така што често муралите што ги плескавме ги ширеа и отвараа ѕидовите, а публиката на нашите перформанси се претвараше во кокошки, зајци и мали сиви полски глувци. Беше забавно.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Откако ги испроба сите птици, и оние што живееја во неговата куќа, и оние што правеа седела по дрвјата или во шеварот и трските, започна да јаде и секакви други тишки што природата ги даваше: полжави, ежови, желки, жаби, лисици, гуштери, полски глувци, гушерици, змии.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)