Секој ден заминував од дома за да заработам за живот, но ја мразев работата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дадов отказ. Човекот што ме вработи се закануваше дека ќе ме убие ако заминам. Не ме уби, најдов друга работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Детето ми умре. Половиот нагон ми се поврати, па повторно се породив.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Постои природна потреба по возбудување, а сите тие задници што ги гледате по градот очевидно го раздразнуваат половиот нагон во извесен степен... ги излудуваат тинејџерите, зарем не?
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Се омажив за човек кој со себе ги донесе двете свои деца. Многу ги сакаше. Остана дома да се грижи за нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Штом се породив, го загубив половиот нагон.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Мажот ми дојде од војна и ме затекна во кревет со друга жена. Ја одведе, избегаа заедно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)