Но внатре во женските движења, а посебно во поновото Queer-движење, прашањето за тоа колку се значајни или битни одредени разлики - да речеме, значењето на мајчинството и репродуктивните способности за разбирање и преобразба на половиот идентитет; или пак прашањето дали хомосексуалноста е природно својство или избор на поединци - предизвикуваат фракционирање и распршување на движењата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)