Носењето на овој закон значеше поблиско регулирање на материја која претходно не беше опфатена со посебен закон, туку одредбите против психичкото и половото вознемирување на работното место, освен во Уставот, беа фрагментирани низ повеќе закони.76
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Види и Таше Стрезовски (превод): Правила на судот за работни односи за индиректна дискриминација во работните понуди – Искуства од Велика Британија; Правник – бр. 200, дек. 2008, стр. 12. 22 како и посебните права на родителите, посвоителите и штитениците (чл. 11, ЗРО/05); б) во рамките на антидискриминаторските одредби воведена е дистинкција помеѓу термините „вознемирување“ на работно место – тоа е секое несакано однесување предизвикано со некое дискриминаторско дејствие или акт, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а коешто предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување; и „полово вознемирување“ – секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а кое предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување (чл. 9, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со овој закон се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работодавачите и вработените во врска со спречување на психичко и полово вознемирување на работното место и местото на работа, мерките и постапката за заштита од вознемирување на работно место, како и другите прашања кои се однесуваат на спречувањето и заштитата од вознемирување на работно место или т.н. мобинг.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)