Тој со полна уста му одговори на Стојана: — Море јас се жени, брату, и се оджени, токо гледај сега побарај ти некое пупулче тебе да те прожениме, да ти се наиграм на свадбата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мајката си го зеде, и пак, како поп Трајко што ја праша нунката в црква, запраша: — Кажи, нунко, име. Стојанка со полна уста одговори: — Неда!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Попот се откажа и од ќерка си Бисера што го прибра Крлета и еднаш, кога таа отиде да го види, да му ги земе алиштата за перење и да му занесе едно грне кисело млеко, толку го налути кога му рече в очи оти тој е крив, а не Крсте, — го грабна од полицата грнето, и го удри од глава и ја истурка низ врата со полна уста клетви: — Еве откаде дуел ветерот шо ми го подветрил детето, да даде господ нека срдешница да а вати!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Пред Божик, зад Божик црвеното било среќа и затоа момите се возеле со црвени колички низ градот со полни усти црвени дренки од фрижидерите за длабоко замрзнување.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Момчето имаше стил, да се разбереме, па, секако, тоа одговараше на неговото убаво црно тело, раскошни бицепси и полна уста.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Никогаш со полна уста не се насмевнуваше. Братучедите ги посматраше со задоволство.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Бојан се прибра во сопчето, зеде јаболко, го залапа, па со полна уста се плесна на леглото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Постојано ти е полна устата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И се смеат со полни усти.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Треба добро да се настивате, - рече Змејко со полна уста. - Ова помага.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бато грабливо ги вадеше бонбоните од црвеното ќесе и одговараше со полна уста. - Благодарам, ќе бидам.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ќе кашка, ќе кашка, а потоа наеднаш, полна уста утешение!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Да сум го заборавела бидејќи само на тој начин ќе сум заборавела дека синчето личело на татко му!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мислам дека јадеа сендвичи со колбаси или со виршли, а кога ќе загризеа од сендвичот сместен во најлон- ќеса полната уста ја вадеа од најлонот каде што сендвичите беа заштитени и веројатно разговараа за мене бидејќи со главите покажуваа кон тремот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Малку е тврдо, ама не е страшно, - рече Дино со полна уста.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Јас, Олга и децата влеговме во дворот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Бујрум, рече грнчарот со полна уста благост, но и со задув во дишењето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Девојките се погледнаа прашувајќи се така, само со очите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)