Така, клошарите последни се снабдуваа од „Халите“ и ги напуштаа со полни торби...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Куќата се исполни со народ. Јас, Саше и Љупчо (пријател на тетка ми Ана), постојано одевме до самопослугата и влечкавме полни торби со пиво, кока-коли, сокови, салами и кашкавали.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
(...) Додека плаќав такси, го видов Џед како доаѓа со полна торба флуоросцентни цевки. Го почекав.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Пламнав не можејќи да се здржам.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
За Ване еднакво му беше и искачувањето и слегувањето по скрките низ прнарот со акумулаторот на едниот колк, па кога одеа по рамно му доаѓаше како да е на прошетка, само со полна торба мечиња од планината.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ако не ви е јасно, јас ја носев најголемата торба, а се подразбира дека ден денес ги жалам коледарите со полни торби ореви, костени и портокали.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Дедо ми се врати со полна торба риби.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)