Полните образи му пропаднаа до виличните коски, а ококорените очи толку му се откроија што му отворија постојано потечени модрини за кои се имаше впечаток дека само ако ги допреш со јаготка од прст ќе просолзат со гној.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- А ти од кај знаеш дека е тој? тивко и неуверливо прашуваше главурдакот отстапувајќи како да се плаши лимарот да не го удри по полниот образ.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)