полн (прид.) - месечина (имн.)

Ноќта еднаш или двапати излегов на чардакот, но брзо се враќав назад, тргајќи се од полната месечина, уплашен да не ги осветли таа јасно контурите на мојата бојазан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Останаа уште лист-два. Легнав да спијам, но полната месечина и модрата светлина ме вознемируваа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа одеше в амбар, и така, преврзана со чкепе и насмеана, прилегаше на полна месечина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ти: плодна Чиниш Школка Затворена, Чиниш Чудење. еротикон Јас: Полна месечина Таа: Најдола ноќ. дождот. ноќта.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Ноќта да стои во став мирно, во ноќта луѓето потајум да си се бараат самите себе си, севезден да седат голи и боси, да сушат алишта и чорапи на полна месечина, да јадат тврд леб и меки патлиџани, со некое зрнце сол.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Откај паметникот Голијат ќе ја раскрилувал престолнината на вистината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Убавата летна вечер им го правеше животот весел и тие знаеја да ја исползуваат и својата висока општествена положба, и убавата јасна летна вечер, осветлена од полната месечина, украсена со смевот и кикотот на убавите старавински моми, насобрани на чешмата пред кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Според британските планери на СОЕ доколку се воспоставел контакт до крајот на јануари 1943 година, Дража Михајловиќ препорачувал групата на HACKTHORPE III да се спушти на таа територија во текот на февруари на полна месечина.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ноќта е со полна месечина, му вели, ќе можеш ли да ја напуштиш.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
5. Кога и да заспиваше со полна месечина во спуштените клепки, Грдан се сеќаваше дака како дете се подмочувал во сон.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Обично, секоја вечер, со истите движења, му се подавав на сонот што секогаш лесно ми надоаѓаше како облак преку полна месечина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Лицето ѝ беше како полна месечина, широко и насмеано, полно со ветување.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зад нив седеа двајца, едниот сув и жолт светец од икона, другиот полна месечина со голо испотено теме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во долга редица, еден зад друг, го газевме снегот и над нас светеше полна месечина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Под сенките на густиот врбјак го поминавме денот и ноќта, по полна месечина ја преминавме границата и стигнавме во Медово каде ја преспавме ноќта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нѐ заплиснува по некоја солена капка од морската вода. Високо над нас – полна месечина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На куќата - во - себе како да си отворил девет џама низ нив да и влегуваат другите куќи, парче небо, една црква со осум кубиња и со еден крст, две трепетлики, една остарена слива, еден орев што сам си го засадил, неколку џунџулиња од градината, со нив неколку полжавчиња, три-четири пеперуги, две кошници пчели и осум осилници со оси, стршлен некој и една полна месечина од која ќе се плашиш и ќе стреперуваш, зашто преку џамот и преку очите, таа влегува во тебе, заедно со едно море кое ќе ти бранува во мислата и ќе те обеспокојува и ќе те полудува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Траеше неколку ноќи. Го држеше оној голем човек, а тој ги држеше нив, неколку долги ноќи, полни месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Подоцна знаеле: на Онисифоровците како и на другите им недостасувале во бедните ноќи жени со бедра слични на полна месечина, или само така мислеле, жени покорни да станат облик според обликот на врелата машка жед.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеле да се зграпчат, секој со крвави прсти да му ги копа очите на другиот, а некои од другите подоцна кажувале дека и едниот и другиот Онисифор го сонувале пред тоа покојникот Дмитар-Пејко, жив и со живи прикаски на танките усни за она што ќе се случи, навистина за она што се случило подоцна на патот од Кукулино кон нигде и на пат од тоа нигде кон селото со седумдесет и шест куќи, најубавите од камен врзуван со вар, повеќето накривени, плитарски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Август не е мртовечки блед. А ако изгледа таков, тоа е од полната месечина, од бледиот благ рефлектор на ноќта. - Публиката се проѕева кога ќе те види.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А јас стасав ноќе. Ја отворив надворешната врата и се судрив со густа темница, зашто оттука престана да ме следи полната месечина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Драги мои, Томо со крената чаша ја започна својата здравица додека разголената полна месечина го нурна својот зрак во полната чаша пенливо вино, вечерва добив вест која е поскапа и поголема од сето азно на овој свет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Застанав на прозорецот. Ја здогледав мртвата силуета на градот под силната светлина на полна месечина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се загледа во полната месечина на која се оцртуваа линии на човечко лице: нејзе ѝ се причини дека тоа лице првин ѝ се насмевна со подбив и закана, потоа се смршти, се стемни, дека светлината истече низ некој дол од другата страна на темната планина чии сртови едвај се забележуваа како грб на огромна камила.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Често настапуваше на платоа во Метрополата, крај дрвореди, испраќаше ливчиња по реки, во отмени салони ухнуваше здив во стаклени чаши и говореше со јазик на јасновидец, излегуваше гол, со кренати раце на полна месечина, и луѓе слични на него, почнаа да одат по него, да го слават и да го тажат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Решена да одам напред по секоја цена На полна месечина Во последна мена На моето присуство му нема смена, знаеш и сам А долу под мостот валкана река тече без срам Упатувам поглед да проверам дали чека на нашата судбинска средба Мерам, премерувам, двапати мери Еднаш скокај Нашево некогаш немаше споредба Минаа годините кога заљубени мислевме дека овде е вечноста овде е рај По силата на гравитацијата понесена дознавам дека овде всушност е нашиот крај 2005
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Во блесокот на полната месечина По патот на вечната далечина Во сонот што со јаве се кити Восхит незнаен од неправда штити Сити се оние што не глодаат туѓо месо Од коска до коска Од рез до рез Питоми луѓе со смисла и без Во занес од воздух опиени Гласни воздишки и мирис на млека од гради излиени Вени од кои страста води од ек во ек Одек во векот разјарен крвожеден...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Како прво, јас секогаш имам аритмија кога е полна месечина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Полна месечина. Ноќите се погодија како ден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прашањето сврдлеше во сеќавањето на вителот на задоволството доживеано онаа ноќ со полна месечина во бистрата вода на Охридското езеро.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Што ти текна?“ ѝ рече Едо. „Над езеро блешти полна месечина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Епилог Полната месечина малее; Надојдената вода прелева. (Кинеска поговорка) Денес, во седум часот изутрината, како и секој ден, авторот седна да ги допишува редовите што следуваат па, конечно, да ѝ го види крајот на својата прикаска.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Светлина од полна месечина. Во еден голем чамец за спасување лежи Борис.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
„Не постои слеп пат“, ме уверуваше Пеперутката, „освен во случаите кога станува збор за некоја стапица“. (Ќе потсетам дека и ноќта за која зборуваше Пеперутката, беше ноќ на полната месечина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Отаде река заквилува ноќна птица, меѓу бараките прелетува лилјак. Високо полна месечина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Страв и восхит Претпоставка: Македонскиот крал премногу го сакал светот и премногу можел и премногу претчувствувал немал време, хронично немал но сепак доволно за да ги поремети дозите предвидени за рамнотежа на Просторот, и самиот без смисла за умереност - хармонијата е нешто друго, сосема само предозирана волја, отровен концентрат само неповторлив порив, рев по далечното - туѓината како вечно искушение! само силна страст по странствување per se, дури и во јазикот само вродена дарба да и’ се тутне на смртта грациозно, пагански под здолништето додека Оваа си игра божем случајно криенка-миженка митска мижитатара само сензибилитет за походи општа хиперсензибилност - просто да се спростре врз далечниот Исток ко полна месечина на полноќ - просто да го освои светот како туѓа жена со чувство на нелагодност а забраната стимулира срна истрчува на пусија во заседа, балканско дувло империјална глутница избришани, заташкани траги имагинарно писмо толку голема моќ што се втиснала во потсвеста за век-и-веков жиг на восхит и страв од повторување од повторување на судбината...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
5. При самрак прстите се поткреваат ко крв на полна месечина во дослух со мракот играат вешто ко срамниче-трепетлика ко око, нерв, ко звучен бран стрепам стрпливо на Марсовиот брег - црвен белег си ја менуваат ли боите симболиката предметите бојата луѓето - предметите?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од зад ридот огреа полна месечина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наедаш од зад густиот облак се појави полна месечина, подувна ветер и небото се наполни со јадри ѕвезди какви досега никаде не сум видел.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одново подига очи и се загледува во бескрајната снежна шир облеана со синкавата и бледа светлина на полната месечина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А кога ќе падне мрак и на небо ќе изгрее полна месечина, ќе се перпелкаме во покосената трева и ќе правиме деца.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Вечераат молчејќи. Низ малото пенџерче се гледа жолтата топка на тукушто огреаната полна месечина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И додека тој ја витка цигарата, се разлеа воздишка - ноќно мечтаење на полна месечина: Дојди ми Магде, твојто бело лице, твојата рамна снага само те Магде мори сонувам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Погледна на Бел Камен. И над него во партали се кинат облаците и засветува полна месечина и ги издолжува сенките на високите оснежени борови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Надвор имаше полна месечина и, не знам зошто, сонот никако не ми доаѓаше, иако чувствував дека ми ссе спие.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Само ретко, во ноќите со полна месечина, кога сребрена светлина го облева езерото, се случува, осамените намерници да чујат прекрасни песни што доаѓаат од сред езеро.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Везењето го почнав на полна месечина, по редот завезов три парчиња - едното го фрлив во Серава да го однесе, другото в огин го изгорев, а третото парче, еве мајстор Миклош, сега тебе ќе ти го дадам, оти таков е обичајот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше тиха јулска ноќ, од небото грееше полна месечина, а јадрите праски примамливо се белееја.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)