полн (прид.) - замав (имн.)

Уште еден таков удар од полн замав пак по голото теме, колку неразбирлив толку и ненужен, и Орлен Шумков со споулавеност во шашливите очи и наведнат над последниот труп можел да објави дека на дружината ѝ е отворен патот кон нови ужаси и кобнички претчувства за невидени зла на копучкиот никаков живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
7. кога се враќав од јапонија како да се враќав од иднината каде што се во полн замав курсевите по интерпункција на изненадувањата и каде што гравчето на леб се мачка а не како кај нас што се крка со лажица гравчето наше насушно на леб се мачка јапонското гравче
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Се занишал, застанал, чиниш му било речено да го дочека без вртење ударот на тешкиот кундак што му паднал врз теме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Љубовта овде се појавува во една од највисоките матафори на наводно неспоивото, како највисока “discordia concors”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во мрак, безгласно, ко мафијаши, иако дури ни стил немате, било каков ритуал на заедништво, бидејќи и самите, кркајќи прасиња, си забивате ножеви меѓусебно, без апсолутно никаква идеја за некаков поглобален концепт и напредок, гол егоизам во полн замав, ко во најрудиментарни општествени структури.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
(...) Во времето на Клемент VII, кога во полн замав се развиваше првиот римски маниризам, Рим Arcimboldo1 Flora бил преполн со проститутки, конкубини, куртизани. 238 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)