полициски (прид.) - метод (имн.)

11 Она што дотогаш се случувало во окупираните земји како во Западна Европа, исто така и на Балканот, покажало дека сите обиди за индивидуален отпор, против разработените полициски методи за контролирање на населението завршувале со неуспех.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се употребуваа последните софистицирани полициски методи, сигурно научени од поусовршени системи во таа насока, да се доуништи „загубената душа”, вратениот емигрант, кога не можеше да се придобие за своите идеолошки цели.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сметав дека таков човек мора да ги познава вообичаените полициски методи на дејствување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)