Не минало многу време од големата свадба каква што не се паметеше во градот крај Езерото многу одамна, кога со денови и со ноќи се пееле полифониските песни, се пиело и се играло, макар што земјата била во војна и во пустош, а и границите преку ноќ се менувале, започнал да се гаси животот на дедо.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Разни состави, дојдени од далеку, пееле носталгични тоскиски полифонски песни, со тивок призвук на меланхолија, за настани од минатото, во кои биле вмешани видни личности, јунаци од семејството, посебно легендарниот херој Суљ-Старова.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во ритамот на некои народни ора се крие ритамот на минувањата на границата, со бавни, тешки чекори, а другпат, низ полифониската песна, гласовите трагаат по излез и по хармонија во лавиринтот на границите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)