полифон (прид.) - песна (имн.)

Кога Татко ја виде Мајка и разбра дека книгите се вратени, имаше само уште толку сила во душата да ги прошепоти последните звуци од полифоната песна.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А кога дома ни идеа емигранти од родниот крај, пред неизвесниот пат кон Америка, кон Австралија или кон поблиската Турција, седнати на чардакот, како на последната станица од егзилот, Татко си имаше обичај, со нив, да ја пее тоскиската полифона песна во која се зборуваше за патот на семејството од Морето кон Езерото, за силните војни, кога се делеше семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој од своите длабини ги извлече звуците на тоскиската албанска полифона песна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Остануваше таа во ноќите сама, ја потпевнуваше старата таткова полифона песна, во исчекување на вториот, татковиот глас, гласо­ви­те на своите синови...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Полифоните песни се двогласни, трогласни, четиригласни, придружувани и од хор (исо), како во некогашните антички времиња.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)