Ако ги разгледаме сега распространетите во Македонија религиозни пропаганди, тогаш таму ќе ги најдеме религиозните пропаганди во повеќето случаи да служат како орудие за национални и политички цели.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во меѓусебните распределби на територии ГОЛЕМИТЕ, пред сè, биле водени и раководени од своите економски интереси, политички цели, територијални аспирации, не водејќи сметка за интересите на „малите“ народи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Со оглед на неговите политички насоки, феминизмот личи повеќе на реформистичко отколку на револуционерно движење, бидејќи неговите политички цели се мошне конкретни и не е тешко да се предочи нивното постигнување; овие цели се промовираат со повик кон раширените морални интуиции за чесноста.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Посебно ќе нагласи дека во периодот меѓу двете светски војни “една желба доминираше со политичките цели на македонските групи, а тоа беше да остварат слобода од доминацијата и експлоатацијата од српската национална влада“. 70
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Замислата дека постојат неполитички форми на критика е чиста илузија, и тоа илузија што допринесува кон уште поделотворна употреба на уметноста, книжевноста, поп- музиката... за политички цели! Terry Eagleton ~ - елементи на самосвест ~
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)