поинаков (прид.) - ден (имн.)

Ова ли е величествената кулминација на век и половина политичка борба за геј-слобода и за геј-гордост?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И како тоа овој нов „сосема поинаков ден“, што многу мириса на хетеросексуално секојдневие, воопшто се разликува од претходниот ден?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што јасно го покажува сведоштвото на Квин е дека крајот на дискриминацијата, исправањето на општествената неправда и срамнувањето на сето нерамно постапување со сексуалните малцинства – дури и да се случи – нема да биде исто со крајот на културната доминација на хетеросексуалноста, со исчезнувањето на хетеросексуалноста како склоп од културни норми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Квин изјави, според АП, дека „одлуката ќе им смени сѐ нејзе и на нејзината партнерка“. ‌Што подразбирала Квин под тоа „сѐ“?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Промените што ги наброја немаа врска со зголемените материјални придобивки, со еднаквоста пред законот, со унапредувањето на човековите права, со придобивките од правичната распределба, со поразот на хомофобијата, со растурањето на хетеросексуалниот монопол над сопружништвото и над личниот живот и со отстранувањето на правните пречки за основањето и одржувањето интимни врски.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Која било од овие промени ќе можеше да се квалификува како значајна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, Квин, го опиша влијанието што озаконувањето на геј-бракот ќе го има врз неа и врз партнерката со следниве зборови: „Утре, семејството ќе ми се собере на дипломската забава нa внука ми, а тоа ќе биде сосема поинаков ден затоа што ќе можеме да си разговараме кога ќе ни биде и како ќе ни изгледа свадбата и каков фустан ќе носи Џордан, правнука ни, кога ќе ни биде цветарица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А мислев дека тој миг никогаш нема да дојде“.460 ‌Дали мигот што го опишува Квин е навистина оној што сите го чекавме толку скрбно?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)