Питу чу како го вика познат глас.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Одеднаш едно ЗДРАВО ме пробуди. Слушнав некој познат глас како го изговара моето име... .
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
До ушите на Рада стигна некој познат глас со чудна боја.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Од телефонската секретарка во мојата соба нервозно шишти познатиот глас...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Одново сега го гледам тоа стебло, се смалило, изгорело, се исушило и колку подолго се загледувам така одново го слушам тој познат глас што ги исцелува душите и од кој зацрвенуваат плодовите.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тогаш слушна еден познат глас: „Добра вечер, Томаица“. Се сврте, препознавајќи го гласот на Петар: „добра вечер, Петар.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
- Да, како да се искашлува го чув однатре познатиот глас.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На вратата се појави јаничар и тој на српски го изрече веќе познатиот глас на покорен слуга: – Изволите, везир ефенди!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Картагинските статуи, тука веднаш крај морскиот брег, крај напуштените форуми и арени, го продолжуваа вечниот сон. Само лицата со време им се обезличуваа. Бавно замираа...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Стоев така замислен на брегот, размислувајќи за новите предизвици на денот, со мисла нишана од сините бранови, го заушив познатиот глас на градинарот Раиз: - Знаев дека ќе ве сретнам на брегот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И додека следев некои познати гласови од службената просторија на Грофот наеднаш сфатив дека во соседната соба всушност се беше разбашкарил Мирко Бунде, и тоа на софата, а Катерина и Јана му седеа во скутот!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Притоа двете луди женски глави не престануваа да се кикотат над мојата наивност и да ме исмејуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Тетка Клара,“ рече најстариот, седумнаесетгодишниот Густав. Не ја помести ниту името, ниту познатиот глас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Продолжи да дише еднолично, загледана во ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Утринава, како и завчера, совршено познатиот глас од огледалото ми повторува: сè во свое време.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Утринава, како и завчера, бричењето веќе е задумано спастрување пред кинисувањето на закоп на уште еден другар од детството.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
- Доброутро, спанко! - слушна Полжавот потсмешлив, познат глас.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)