позитивен (прид.) - искуство (имн.)

А на овој потег се решава после разговорот и позитивното искуство на еден негов поранешен колега од „Охис“, кој го имаше истиот проблем, тужеше и го доби спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако наидува на крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос од претпоставените и откако увидува дека е изманипулирана и практично не постои можност за вонсудско решавање на спорот, таа – заедно со уште десетина работнички 282 кои се најдоа во ист кош, а охрабрени од позитивното искуство на некои работнички од истото трговско друштво, кои уште од порано се одважиле спорот да го решат по судски пат – решаваат, во јули 2009 – та, да поднесат колективна тужба против нивниот довчерашен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На Триманова ѝ се зема за грев наводната блискост со нејзината дотогашна претпоставена шефица, која претходно е избркана од работа – по што следува „логички“ расплет и таа да биде истерана од фирмата, како еден вид колатерална штета од целата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во овој контекст, се чини умесно да го споменеме и примерот на неговиот непосредно претпоставен раководител, кој исто така покренуваше спорови кон Министерството како работодавачот за слични причини, бидејќи – поради непрофесионалниот однос на правната служба – практично немаше начин споровите да се решат спогодбено и по мирен пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
128 Поучен од позитивните искуства и примери на дел од неговите колеги, Б. Н. ангажира адвокат од Штип (В. Парчеклиев) кој ја изготвува тужбата и целосно го застапува пред судот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По сите овие обиди за наоѓање некое „чаре“ за својата мака – тој конечно во јуни 2010 година се одлучува да покрене судска постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Позитивни искуства: ви остава чувство на смиреност и релаксираност, но без поголем хај.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Позитивни искуства: Како и многу други дроги, ефектот зависи од ситуацијата во која ја употребувате.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Позитивни искуства: прави да се чувствувате слободно, ги отстранува сите инхибиции, иако повеќето од луѓето уживаат во инсуларниот свет на халуцинации што го создава дрогата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Позитивни искуства: во умерени количества, алкохолот во поголем број случаи прави луѓето да се чувствуваат помалку инхибирани, релаксирани и среќни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Позитивни искуства: можат да те претворат во прекрасен принц.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Позитивни искуства: Амфетамините го подигаат расположението, ја повишуваат издржливоста (вклучувајќи ја и сексуалната моќ) и ја елиминираат потребата за спиење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа тоа средно уметничко, интересно што јас и од таму имам позитивни искуства пред сѐ затоа што таму „учиш занает”, акцентот е на праксата, а освен тоа бевме навистина добра генерација, дури мислам најдобра, Пепси, Панта, Славчо, Штурец, Станко Павлевски, Благоја Маневски...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)